Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи особено во југоисточните делови.
-
Македонија 06.06.2016 15:16
-
Македонија 06.06.2016 15:12
Дијабетес: Пациентите бараат поквалитетен инсулин
Родителите на децата болни од дијабетес бараат воведување нови видови инсулин. Велат, еден од нив веќе е тестиран на детската клиника, има 72 часовно дејство и се покажал квалитетен. Со него ќе се намалат и бројот на боцкањa кај децата.
-
Македонија 06.06.2016 15:06
Предлогот за импичмент е неоснован
Собраниската комисија за утврдување на иницијативата за импичмент на претседателот со мнозинство гласови, шест, утврди дека предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност не е основан и дека претседателот ги извршувал своите надлежности согласно со Уставот и со законите.
-
Македонија 06.06.2016 15:03
Почна судењето за случајот „Диво насеље“
Во големата сала на Врховниот суд денеска, по неколку одложувања почна судењето на обвинетите во предметот „Диво насеље“. Обвинетите тврдат дека не подготвувале терористички напади и дека не познаваат никого од помагачите.
-
Македонија 06.06.2016 13:12
Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“
Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35), соопшти денеска МВР.
-
Македонија 06.06.2016 11:11
Екстерно тестирање од утре до 11-ти јуни
Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни.
-
Македонија 06.06.2016 10:27
Претседателот на Чешка во четврток во посета на Македонија
Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе ја посети Македонија и ќе биде примен од неговиот колега и домаќин, Ѓорге Иванов.
-
Македонија 06.06.2016 10:15
Ново рочиште за случајот „Диво насеље“
Во големата сала на Врховниот суд денеска, по неколку одложувања треба да почне судењето на обвинетите во предметот „Диво насеље“.
-
Македонија 06.06.2016 10:04
Продолжува расправата за предлогот за импичмент на претседателот Иванов
Во Собранието денеска треба да продолжи да работи Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов поради неговата одлука за аболиција.
-
Македонија 06.06.2016 10:02
Хајдл утре во Македонија
Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, во вторник повторно ќе допатува во земјава. Тој најверојатно в среда ќе се сретне со лидерите на политичките партии.










