Сончевото и топло време продолжува и утре. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер особено долж Повардарието.
Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Сончевото и топло време продолжува и утре. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер особено долж Повардарието.
Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Фрлал предмети кон народната канцеларија на претседателот, потоа со толпата влегол внатре и запалил фотографија од Иванов. Поради ова, универзитетскиот професор Здравко Савески седна на обвинителна клупа.
„Оваа политичка криза трае предолго, нема време за губење“- изјави евроамбасадорот Аиро Орав на денешната традиционална средба со амбасадорите од земјите- членки на ЕУ и актуелниот и поранешните вицепремиери за европски прашања.
Децата од основните училишта во Општина Центар го прославуваа Денот на Европа со повеќе музичко- сценски перформанси, ораторски настапи, и ликовна изложби на тема главните градови на Европската унија.
Официјален Брисел засега без одговор дали ако не се одржат изборите на 5-ти јуни ќе пропадне и договорот од Пржино. Европската унија уште еднаш порача дека очекува од политичките лидери во земјава да најдат излез од кризата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски има трипати поголема доверба кај граѓаните во однос на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажала анкетата на институтот „Павел Шатев“. За Груевски се изјасниле 30,8 насто од испитаниците, а за Заев 11,4 проценти.
Политичката криза во земјава трае премногу долго. Нема време за чекање, преговорите треба да продолжат веднаш, ЕУ е тука да помогне. Ова беше пораката на евроамбасадорот Аиво Орав на ЕУ појадокот по повод Денот на Европа кој беше организиран од Секретаријатот за европски прашања.
Се одложи почетокот на судењето на Здравко Савески, обвинет за учество во толпата којашто ја демолираше Народната канцеларија на претседателот.
Синоќа на полноќ, заврши јавниот увид во избирачкиот список.
Позитивните модели на соработка меѓу различните етнички заедници во Македонија за време на Втората светска војна со цел да се спасат животите на македонски еврејски семејства, е тема на изложбата „Соочување со минатото-граѓанска храброст во тешки времиња„ со која се запозна американската јавност