• Македонија 03.05.2016 13:33

    УХМР: Најмногу дожд наврна во Куманово

    Најмногу дожд во текот на ноќта наврна во Куманово, 44 литри на квадратен метар, најмалку во Прилеп, 3 литри.

    Забележано е високо ниво на воден талог и во други места во земјава, додека најстудено изутрината беше во Лазарополе со само 1 степен целзиусов.
     

  • Македонија 03.05.2016 13:25

    ДОМ: Опозициски форум за менаџирање на кризата

    Со опозициски форум подобро ќе се управува со кризата одвнатре, сметаат во Демократска обнова на Македонија. И невладините да се вклучат во разговорите за решавање на кризата. 

  • Македонија 03.05.2016 13:22

    Аболицијата ги стопираше постапките за „Пуч“

    Денеска не се одржа судењето за случајот „Пуч“. Зоран Заев и другите осомничени добиле решенија од судот дека постапките се запираат поради одлуката за аболиција од претседателот. Заев најави дека е можно правдата да ја бара и во Стразбур.

  • Македонија 03.05.2016 12:50

    Петир: Избори на 5-ти јуни најдобро решение за надминување на кризата

    Најдобро решение за надминување на политичката е одржување на избори според предвиденото на 5-ти јуни, вели Маријана Петир, претседателка на неформалната група „Пријатели на Македонија во Европскиот парламент“ и европратеничка од Европската народна партија.

  • Македонија 03.05.2016 10:42

    Тројца повредени во сообраќајка кај Росоман

    Три лица се повредени при судир на патничко возило и автобус синоќа во 21:15 минути на магистралниот пат Градско- Прилеп, во близина на  Росоман, информираат од СВР Велес.

  • Македонија 03.05.2016 10:30

    Мирни празници за дежурните медицински тимови

    Невообичаено мирно минале празниците за дежурните медицински тимови. Во брза помош за првомајските празници имале деведест интервенции, мал дел биле итни и ургентни повици. Регистрирана е само една сообраќајна несреќа.

  • Македонија 03.05.2016 10:20

    Над 90 илјади повици досега на „Ало докторе“

    Во минатата недела граѓаните најмногу се жалеле на покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергии и убоди од инсекти, јавуваат од „Ало докторе“, телефонска линија за бесплатен медицински совет.

  • Македонија 03.05.2016 10:18

    Трет ден Велигден

    Денеска е трет ден Велигден, светол или велигденски вторник, што продолжува да се слави во домовите на православните верници.

    Кај народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година, а во некои места се одржуваат и свадби поради посебниот благодат.

  • Македонија 03.05.2016 10:09

    Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар во текот на ноќта

    Меѓу 40 и 50 литри дожд на квадратен метар наврнаа во текот на ноќта, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

    И денеска се очекува претежно облачно со врнежи од дожд и засилен ветар од северозападен правец.

  • Македонија 03.05.2016 08:13

    Сообраќајот по влажни коловози

    Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

Pages