М.М. (25) од Охрид вчера е пронајдена мртва во стан на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје, а пред станот, на скалите, е пронајден починат и П.Ц. (36).
-
Македонија 28.04.2016 13:09
-
Македонија 28.04.2016 13:06
СЈО: Не е вршен притисок врз Крпач
Се истражува причината за вчерашната смрт на Коста Крпач. Од Специјалното јавно обвинителство демантираат дека се вршел каков било притисок врз Крпач, човекот кој беше пронајден мртов во станот во скопски Капиштец.
-
Македонија 28.04.2016 12:57
Божиновски на распит пред истражен судија
Новинарот Зоран Божиновски, кој минатата недела беше уапсен во Нови Сад и екстрадиран во Македонија, денеска беше донесен на распит во Основниот суд во Скопје.
-
Македонија 28.04.2016 12:42
ПССЕ: Целосно спроведување на договорот и фер избори
Единствен излез од ќор- сокакот е целосното спроведување на договорот од Пржино и фер и кредибилни избори, на кои ќе учествуваат сите политички партии, оценка на предизборната мисија на Советот на Европа, која два дена ја скенираше состојбата во земјава.
-
Македонија 28.04.2016 11:22
Лекарите препорачуваат внимателно конзумирање храна и пијалоци за време на празниците
Здравствениот дом Скопје им препорачува на граѓаните за време на претстојните празници да внимаваат на конзумирањето храна од животинско потекло и на алкохолот.
-
Македонија 28.04.2016 11:12
ДИК ќе избира членови на општински изборни комисии
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница за случаен избор на престедател, заменик претседател, членови и заменици членови на Општинските изборни комисии.
-
Македонија 28.04.2016 11:06
Петнаесет години од масакрот кај Вејце
Сеќавање на масакрот кај тетовско Вејце, каде што во 2001 година загинаа 8-мина бранители на Македонската Армија и на МВР.
-
Македонија 28.04.2016 10:51
Сонце и повремен дожд за продолжениот викенд
Сонце и повремен дожд не очекува за продолжениот викенд. Во земјава денеска е умерено облачно, а температурата ќе се движи меѓу 17 и 25 степени. В петок и сабота облачноста ќе се зголеми и ќе биде проследена со локални врнежи од дожд.
-
Македонија 28.04.2016 10:32
Почнуваат Велигденските празнувања
Почнуваат велигденските празнувања со утринското вапсање црвени јајца, симбол на животот, за најголемиот христијански празник Велигден. Пред изгрејсонце, домаќинките ги вапсаат јајцата, и според традицијата, со нив преоѓаат по лицата на најблиските, на децата, со желби за здравје.
-
Македонија 28.04.2016 09:13
Продолжува посетата на началникот на словачките Вооружени сили
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Словачка, генерал Милан Максим, денеска ќе ги посети Центарот за обука на пилоти и реонот на караулата Богородица на македонско-грчката граница.










