Регуларни, фер и демократски избори, враќање на правдата, реформи во медиумите, деполитизација и демократизација на институциите и застанување зад сите универзални и европски вредности коишто ги заслужуваат сите граѓани се клучните цели што сакаме да ги оствариме, изјави Зоран Заев, претседателот
-
Македонија 12.04.2016 16:21
-
Македонија 12.04.2016 15:35
„Едукативен автобус“ за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот
Преку проектот „Едукативен автобус“, децата од најмала возраст ќе се запознаваат со сообраќајната инфраструктура, сообраќајните правила и прописи. Целта е да се зголеми нивната безбедност.
-
Македонија 12.04.2016 14:53
Чавков: МВР функционира нормално
По објавувањето во службен весник, од денеска, одлуката за суспендираните решенија на министрите за внатрешни и за труд и социјална политика станува правосилна. Работите треба да се вратат во претходна состојба. Заменик- министерот Чавков тврди дека МВР нормално функционира.
-
Македонија 12.04.2016 14:04
Метео: Утре сончево и потопло време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во четврток се очекуваат услови за преодно дестабилизирање со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 12.04.2016 14:02
Николовски: Увезени отровни краставици од Албанија
„Во Македонија се увезени отровни краставици од Албанија“, тврди дополнителниот заменик- министер за земјоделство Николовски. Ова го покажале анализите на примерок од краставиците.
-
Македонија 12.04.2016 13:57
Нов кружен тек во Скопје
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети локацијата на која се гради нов кружен тек на улицата 16-та Македонска бригада. Проектот вреден 45 милиони денари ќе биде завршен до јуни годинава, најави Трајановски.
-
Македонија 12.04.2016 13:44
Седница на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија денеска треба да одржи седница на која, меѓудругото, треба да го утврди начинот на постапување по прашањата од теренската проверка.
-
Македонија 12.04.2016 13:35
Ристовски: Ангажман на 74 дефектолози во основните и 57 во средните училишта
Владата донела одлука од 1-ви септември да се вработи 131 дефектолог во образовните институции. Како што изјави заменик- министерот Спиро Ристовски, изборот на дефектолози ќе се реализира на транспарентен начин, односно по пат на јавни конкурси за вработување, кои ќе бидат објавувани етапно.
-
Македонија 12.04.2016 13:20
Повреденото девојче сѐ уште се бори за живот
Сѐ уште е критична здравствената состојба на десетгодишното девојче кое беше повредено при вчерашното превртување на минибус во гостиварско.
Девојчето е хоспитализирано на КАРИЛ и е на апарати за дишење. Во несреќата беа повредени 14 лица, од кои 10 деца.
-
Македонија 12.04.2016 12:49
„Фридом хаус“ го објави извештајот „Нации во транзиција“
„Фридом хаус“ го објави годишниот извештај „Нации во транзиција“. Македонија има пад во шест од седумте категории, анализирани во документот.










