1.500 луѓе на Богородица и 500 луѓе на Табановце. Толкав е капацитетот на привремено транзитните центри во Македонија. Во случај на забавување на протокот на мигранти само толкава бројка би можела да биде згрижена на неколку дена во земјава пред да ја продолжи рутата.
-
Македонија 27.10.2015 17:35
-
Македонија 27.10.2015 17:03
Апелациониот суд се прогласи ненадлежен за прислушуваните снимки
Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен по жалбите на основното јавно обвинителство, кои беа поднесени откако судот ги отфрли прислушуваните снимки од опозицијата како неосновани докази. Од Апелација надлежноста ја префрлија на Основниот суд.
-
Македонија 27.10.2015 16:16
Метео: Стабилно и суво време, температурите постепено опаѓаат
Продолжува периодот на стабилно и суво време со услови за слаба магла и ниска облачност по одделни котлини во утринските часови и подолги сончеви периоди во текот на денот.
Дневните температури постепено благо ќе опаѓаат, а утринските на места ќе бидат под нулата.
-
Македонија 27.10.2015 16:11
Месечно по 15 предвремено родени бебиња на Детската клиника
Еден килограм - толку тежел Христијан кога дошол на свет. Бил роден во шестиот месец од бременоста, но неговата тежина се намалила на 900-тини грама. По три месечниот престој во инкубатор, за неколку дека ќе ја напушти Детската клиника и ќе биде во прегратките на родителите.
-
Македонија 27.10.2015 16:05
Пелагонија: Се интензивира есенската сеидба
Пелагониските земјоделци конечно дочекаа идеални временски услови. Неколкудневниот сув период и поволната најава на синоптичарите за тековнава недела, полека ги враќаат на есенските сеидбени активности.
-
Македонија 27.10.2015 15:01
Кризата со бегалците покажува дека ЕУ не е во „добра состојба“
Дискусиите на европратениците ја одразија нивната политичка поделба и национална припадност, што се гледа и во разлчиниот пристап кон кризата со мигрантите на земјите членки на ЕУ.
-
Македонија 27.10.2015 14:54
Судиите дебатираа за нивната независност
Судиите проговоија за влијанијата врз нивната работа. Се слушна став дека немало политички или други притисоци врз одлуките - наводно најголемите ги чувствувале од медиумите.
-
Македонија 27.10.2015 13:16
Амбасадорот Буџаку отповикан, му истече мандатот
Амбасадорот Агрон Буџаку е отповикан од функцијата поради истекот на дополнително продолжениот мандат- велат од Кабинетот на шефот на државата.
-
Македонија 27.10.2015 12:41
МВР: За 24 часа издадени 4.076 потврди за азил, досега вкупно 182.978
Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 4.076 странски државјани, од кои 2.153 се од машки пол, 695 се од женски, 932 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 296 деца кои патуваат без ро
-
Македонија 27.10.2015 12:26
Oдложен стартот за случајот „Јустиција“
Иако закажано, и денеска не почна рочиштето за случајот „Јустиција“. Судењето е одложено поради тешка болест на две обвинети. Едната била хоспитализирана на Клиниката за токсикологија поради сериозно труење на жолчката, а втората на Клиниката за радиологија поради тумур на мозокот.










