Селата Требовје и Волче се наоѓаат на 50 километри од Македонски Брод и се најдалечните места каде што тимовите од проктот „Рурален доктор“ обезбедиле здравствени услуги. Најстариот жител што го прегледале има 97 години, здравствената состојба му е добра.
-
Македонија 02.03.2016 16:11
-
Македонија 02.03.2016 15:57
Метео: Утре врнежливо време
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе нови врнежи од дожд особено попладне.
На места врнежите ќе бидат пообилни, локално се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен.
Кон крајот на денот на планините во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег.
-
Македонија 02.03.2016 15:18
Случај „Диво насеље“: Казни за адвокатите кои ја напуштија судницата
Адвокатот Насер Рауфи, бранител на обвинетитете во „Диво насеље“ пред судот се пожали дека салата е претесна и на рочиштето не може да присуствуваат роднините на обвинетите. Наведе дека судот е должен да обзбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето.
-
Македонија 02.03.2016 15:06
Коѕиас: Австрија и Унгарија ја искористуваат Македонија
Австрија и Унгарија ја искористуваат Македонија кога станува збор за бегалскиот проблем, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за грчката телевизија „Скај“.
-
Македонија 02.03.2016 14:39
Позитивен извештај на Кембриџ за примената на наставните програми
Наскоро и во средните училишта ќе се учи по наставна програма на Кебриџ. Надлежните задоволни од досега постигнатите резултати.
-
Македонија 02.03.2016 14:03
Кривичен суд: Судот не ја одолговлекува постапката за „Пуч“
Основниот суд Скопје 1-Скопје во денешното соопштение во врска со случајот „Пуч“ наведува дека Судот ниту одолговлекува, ниту избегнува, ниту бега да ја утврди правдата и дека основна уставна и законска обврска на Судот е токму извршувањето на таа функција, а причините за досегашно одлагање на ов
-
Македонија 02.03.2016 13:59
Портпаролот на Златна Зора ги избрка Би-Би-Си од канцеларија поради Македонија
Поради Македонија, портпаролот на Златна Зора, Илиас Касидиарис го прекина интервјуто со британски Би-Би-Си (BBC), бркајќи ја екипата од својата канцеларија, јавува дописникот на МРТ од Атина.
-
Македонија 02.03.2016 13:13
Почнато, па прекинато рочиштето за „Диво насеље“
Продолжи судењето за терористичките активности против обвинетите во судскиот процес „Диво насеље“. До Судскиот совет на денешното рочиште адвокатите побараа, роднини на обвинетите и новинарите да бидат во иста просторија поради остварување на начелото на транспарентност.
-
Македонија 02.03.2016 13:10
Соработка за справување со бегалската криза
Над 10 илјади бегалци се во шаторите на грчката страна од границата со Македонија и според последните податоци сѐ уште пристигнуваат.
-
Македонија 02.03.2016 12:44
Случај „Пуч“: Рочиштето одложено за 3-ти мај
Рочиштето за случајот „Пуч“ е одложено за 3-ти мај, откако Специјалното јавно обвинителство пред Судот потенцираше дека тие сметаат дека нема услови за отпочнување на расправата.










