Непрегледна редица на шатори со бегалци се подига на грчката страна од границата, кај граничниот камен 59. Во импровизираниот камп и натаму пристигнуваат бегалци. Потеклото не им се знае. Според воустановените постапки, можат да бидат пуштени само бегалците од Сирија и Ирак.
-
Македонија 01.03.2016 16:58
-
Македонија 01.03.2016 16:18
Британска наставна програма и во повисоки нивоа на основното образование
Од септември и учениците од седмо, осмо и деветто одделение ќе учат по британска наставна програма. Од 2017-та и средношколците ќе учат по Кембриџ, кој сега се применува во основното образование по математика и природни науки.
-
Македонија 01.03.2016 14:59
МАНУ се вклучува во евроинтегративните процеси
Академиците се вклучуваат поинтензивно во служба на евроинтегративните процеси на земјава. По барање на владата преку формираниот Совет, МАНУ ќе го помага овој сложен процес во сите области.
-
Македонија 01.03.2016 14:19
ЕК: Македонија има право да ја штити границата
„Македонија има право да ја заштити сопствената граница, но развојот на ситуацијата потврдува дека е потребно европско решение“ – ова е ставот на официјален Брисел за тензиите на грчко- македонската граница и за вчерашните инциденти.
-
Македонија 01.03.2016 14:02
Иванов за „Шпигел онлајн“: Ние го направивме сопствениот избор
„Ние го направивме сопствениот избор... Одлучни сме да не станеме складиште за мигранти, доколку дојде до затворање на границите... Се залагаме за координирана акција“ – оваа порака ја испраќа претседателот Иванов во интервјуто за „Шпигел онлајн“.
-
Македонија 01.03.2016 13:46
Метео: Утре променливо облачно, повеќе врнежи од четврток
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди но и со услови за слаб локален дожд.
Ќе дува и слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе го засилува интензитетот.
Повеќе врнежи се очекуваат во четврток.
-
Македонија 01.03.2016 13:40
Бегалска криза: Состојбата долж јужната граница е стабилна
Состојбата на јужната граница е стабилна по вчерашниот обид на мигрантите насила да влезат во земјава, велат од МВР. Околу 7 илјади мигранти се на грчката страна од границата кај Сеово и чекаат да транзитираат преку Македонија кон земјите на ЕУ.
-
Македонија 01.03.2016 13:16
Состанок за справување со бегалската криза во Белград
Директорите на полициите од земјите долж балканската и европската рута: Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Австрија, Бугарија, Албанија, Холандија, Унгарија, Грција и Германија во Белград разговараат за управување со мешовити миграциски текови.
-
Македонија 01.03.2016 13:04
Вонреден план на ЕУ за справување со бегалската криза
Портпаролката на Европската Комисија, Мина Андреева изјави дека ЕУ моментално подготува вонредни планови за Грција и другите земји од Балканскиот коридор, за да се избегне хуманитарна криза.
-
Македонија 01.03.2016 12:36
Попоски: Македонија се соочи со насилен обид за упад на стотици мигранти
„Македонија се соочи со насилен обид за упад на стотици мигранти“- вели министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за БИ- БИ- СИ. Шефот на дипломатијата рече дека поставувањето на оградата е со единствена цел да се запре илегалната миграција.










