Почна сезоната за превенција од грипот. Слободан Мазнев петта година по ред се имунизира. Вели поради вакцината, секоја година грипот го одминува.
-
Македонија 15.10.2015 16:58
-
Македонија 15.10.2015 16:55
Почнува грејната сезона
Од денеска и официјално почнува грејната сезона. Според последните одлуки на регулаторната комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час, па така, наместо до 21, граѓаните ќе имаат парно до 22 часот.
-
Македонија 15.10.2015 15:57
Апсења во Министерството за животна средина
МВР поднесе кривични пријави против 16-мина, 7 службеници во Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и 9-мина сопственици, управители или овластени лица во компании.
-
Македонија 15.10.2015 15:38
Пожар во ОКТА, но само вежбовна импровизација
Пожар во главниот резервоар на рафинеријата. Пламените јазици се шират кон другите цистерни. Опасноста е голема бидејќи во нив се складирани лесно запаливи горива. Неколкумина се повредени, екипите за прва помош ги извлекуваат од огнената стихија.
-
Македонија 15.10.2015 15:11
Бејли: Претстои работа што треба да се заврши
Претстои уште многу работа која што треба да се заврши, изјави денеска американскиот амбасадор Џес Бејли кој очекува дека тимот на обвинителката Јанева ќе биде комплетиран.
-
Македонија 15.10.2015 15:04
Метео: Утре променливо облачно време
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд особено во западните региони.
-
Македонија 15.10.2015 14:09
Иванов: Безбедносен чадор на ЕУ за Балканот
Мигрантската криза, глобалната безбедност, заканите од организираниот криминал, екстремизам и радикализам – ова се главните теми за кои се разговара на форумот „Кран Монтана“ во Женева.
-
Македонија 15.10.2015 13:31
Ловриќ: Македонија одамна заслужи членство во НАТО
Македонија од повеќе причини одамна го заслужи членството во НАТО, а не само поради огромниот придонес во справувањето со актуелната бегалската криза, смета хрватскиот началник на генералштабот генералот Ловриќ. Стратегиски интерес на целиот регион е Македонија да биде дел од Алијансата.
-
Македонија 15.10.2015 13:04
Антитерористичка акција во Кумановско и Скопско
Изутрината е реализирана полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица за поддршка и соработници на криминално терористичка група од кумановската населба Тоде Мендол, попозната како „Дива Населба“.
-
Македонија 15.10.2015 11:41
МВР: За 24 часа издадени 2.303 потврди за азил
Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.303 странски државјани, од кои, 1.261 се од машки пол, 395 се од женски, 443 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 204 деца кои патуваат без










