Партиите не успеаја да се договорат. Маратонската трета средба во Пржино не заврши како што очекуваше еврокомесарот Хан. Разочаран, но со слаб оптимизам замина од Скопје. Нови рокови не постави, единствено побара постоечките да бидат испочитувани и партиите да се договорат во текот на денот.
-
Македонија 20.10.2015 13:01
-
Македонија 20.10.2015 12:54
Во недела почнува зимското сметање на времето
Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.
Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.
-
Македонија 20.10.2015 12:44
МВР: За 24 часа издадени 2.696 потврди за азил, за четири месеци вкупно 158.435
Изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.696 странски државјани, од кои 1.270 се од машки пол, 504 се од женски, 806 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 116 деца кои патуваат без родит
-
Македонија 20.10.2015 12:02
Гостиварското обвинителство го истражува убиството во Врапчиште
Сопруг ја убил својата сопруга и по убиството се предал на полицијата. Убиството се случуло синоќа во селото Врапчиште. Гостиварското обвинителство го истражува случајот. Информираат дека 49 годишниорт сопруг, кој е осомничен, ѝ нанел удар со секира во вратот на 44 годишната сопруга.
-
Македонија 20.10.2015 11:29
Седницата на Советот на јавни обвинители презакажана за утре
Специјалниот обвинител Катица Јанева вчера достави до Советот на јавните обвинители ново барање за избор на членови на нејзиниот тим. Сепак, Советот ја откажа денешната седница, на која меѓу другото се очекуваше да се расправа и за избор на останатите обвинители.
-
Македонија 20.10.2015 10:15
Убиство во гостиварско Врапчише
По полноќ е извршено убиство во гостиварско Врапчиште.
Поради нарушени брачни односи, сопругот со секира ја усмртил сопругата, а потоа се пријавил во полициската станица.
-
Македонија 20.10.2015 10:01
Закажана нова седница на Советот на јавни обвинители
За денеска е закажана нова седница на Советот на јавни обвинители, на која е можно да бидат избрани останатите седум јавни обвинители од тимот на специјалната обвинителка.
-
Македонија 20.10.2015 09:59
Субвенции за плати на овчари
За чување и напасување на овци, кози или говеда на пасишта и ливади кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри, сточарите можат да поднесат барање за субвенционирање на плати.
-
Македонија 20.10.2015 09:56
Нема договор, работните групи продолжуваат со работа
И по 12 часа разговори во резиденцијата на евроамбасадорот Oрав, не е постигнат договор меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии. Сепак, според еврокомесарот Хан, постојат сеуште шанси за конечен договор.
-
Македонија 19.10.2015 17:21
Иво Котевски- нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Иво Котевски ќе биде нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на ова место доаѓа од позицијата помошник-министер за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи.









