Двата трупа, машки и женски, синоќа пронајдени на различни локации, сѐ уште го привлекуваат вниманието на прилепската јавност. Машкиот труп, распаднат, случајно го пронашле собирачи на пластика покрај Градска Река, кај гаражите на прилепски „Комуналец“, кон периферијата на градот.
-
Македонија 26.02.2016 16:13
-
Македонија 26.02.2016 16:06
Одбележани 12 години од трагичната смрт на претседателот Трајковски
И по извештајот на Кулиќ за авионската несреќа во која животот го загубија претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, Јавното обвинителство не најде нови околности кои би довеле до донесување поинаква одлука од претходно донесената резолуција.
-
Македонија 26.02.2016 15:57
Испитувањето за влијанието на лековите врз пациентите отсега на државна сметка
Годишно околу 600-тини пациенти болни од рак, од свој џеб ги плаќале испитувањата со кои се утврдува дали и како влијае терапијата што ја примаат. Отсега, овие испитувања се на државна сметка. Фондот за здравство и Фармацевтскиот факултет склучија договор.
-
Македонија 26.02.2016 15:29
Бегалска криза: Дополнителен број полицајци на јужната македонска граница
Република Чешка и земјите од Вишеградската група на јужната македонска граница ќе испратат дополнителен број полицајци. Заедно со македонските колеги ќе соработуваат во справувањето со напливот на бегалците кои се очекуваат во периодот што следува.
-
Македонија 26.02.2016 15:27
Исплатени права од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека пред два дена извршило исплата на права од социјална и детска заштита за месец јануари 2016 година.
-
Македонија 26.02.2016 15:03
Средба на премиерот Димитриев со членовите на ДИК
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев на средба со членовите на ДИК. Тема- тајмингот за пречистување на избирачкиот список.
-
Македонија 26.02.2016 13:26
Чешка испраќа дополнителен број полицајци на јужната граница
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Чешка, Спасовски и Хованец, во посета на транзитниот прифатен центар во Гевгелија.
-
Македонија 26.02.2016 13:18
Метео: За викендот сончево и стабилно, од понеделник дождови
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и стабилно време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во недела кон крајот на денот како и во понеделник ќе дува засилен на моменти и силен јужен ветер кој на места ќе достигне брзина до 90 километри на час.
-
Македонија 26.02.2016 13:05
Размена на податоци и заеднички патроли за справување со бегалската криза
На Табановце се уште има околу 600 бегалци од Авганистан. Нема инциденти, велат надлежните. Бегалците ја добиваат потребната помош.
-
Македонија 26.02.2016 12:17
Во Италија уапсен македонски државјанин осомничен за регрутирање џихадисти
Италијанската полиција во Венеција уапсила Македонец, кој е осомничен за регрутирање борци за Исламска држава.










