Денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, информираат од јавното обвинителство. Досега не се пријавени инциденти или неправилности за гласачките места.
-
Македонија 19.10.2025 16:08
-
Македонија 19.10.2025 15:25
Гласањето во Сарај се одвива без проблеми
Продолжуваме со вклучување од главниот град. Одиме во Сарај. Остануваат помалку од четири часа, како се одвива гласањето во Сарај?За изборниот ден известува Наташа Јанчиќ - Менковски. -
Македонија 19.10.2025 15:14
Изборите во Охрид се одвиваат во демократска атмосфера
Во Охрид изборниот ден минува мирно, во демократска атмосфера и засега без ниту еден инцидент. Во избирачкиот список се евидентирани 52.580 граѓани, кои своето граѓанско право на глас го остваруваат на 87 избирачки места.
-
Македонија 19.10.2025 14:55
Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности
Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од локалните избори 2025 година до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес.
-
Македонија 19.10.2025 14:44
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
-
Македонија 19.10.2025 14:16
ДИК: До 13:00 часот излезеноста е 20,12 проценти, во Скопје 20,07 отсто
До 13:00 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристигнати податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244, соопштија од ДИК.
-
Македонија 19.10.2025 14:04
Во Прилеп изборниот процес се одвива без проблеми
Во Прилеп има девет кандидати за градоначалници и десет листи за советници на општината.
Како тече процесот, известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 19.10.2025 13:55
Мирно и без забелешки се одвива изборниот процес во Охрид
Во Охрид се евидентирани вкупно над 52.500 граѓани со право на глас. Во оваа општина се поднесени 4 листи за градоначалник и 11 за членови на градскиот совет.
Како тече изборниот процес, известува Соња Рилковска.
-
Македонија 19.10.2025 13:40
Гласањето во Општина Гази Баба се одвива без проблеми
Како тече изборниот ден во Автокоманда, известува Елизабета Кузмановска.
-
Македонија 19.10.2025 13:27
Во Карпош гласањето се одвива без проблеми
Како тече изборниот ден во Општина Карпош известува Наташа Јанчиќ.










