Ден пред првиот круг на локалните избори 2025-та своето право на глас го искористија лицата коишто се наоѓаат на издржување затворска казна во најголемиот затвор во земјава, КПУ „Идризово“. Гласањето се одвиваше во неколку групи затвореници коишто ги спроведуваше затворската полиција.
-
Македонија 18.10.2025 16:14
-
Македонија 18.10.2025 16:07
ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено
Грешката со испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во општина Ново Село е коригирана. Од Државната изборна комисија информираа дека гласачкиот материјал бил повлечен и се дистрибуирал нов.
-
Македонија 18.10.2025 15:42
Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори
Денеска во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнени
-
Македонија 18.10.2025 15:06
Тековно се гласа во казнено поправните установи во Куманово
Тековно, без проблеми се спроведува гласањето во казнено поправната установа Затвор Куманово. Овде право на глас имаат 116 осудени и притворени лица.
Од избирачкото место информираат гласањето започнало навреме.
-
Македонија 18.10.2025 14:42
Во Прилеп споени 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи
За година и половина, од парламентарните до локалните избори, во Прилеп се припоени дури 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи. Станува збор за населени места речиси без жители. Ова, според општинската изборна комисија, ја става општината во водечките во државава.
-
Македонија 18.10.2025 13:44
ОЈО Струга оформи предмет за уривање на спомен-куќата на Владо Малески
Струшкото јавно обвинителство оформи предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од лице од Велешта, соопштија од Обвинителството.
-
Македонија 18.10.2025 11:34
Комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности поврзани со кривични дела против изборите и гласањето
Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности, поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
-
Македонија 18.10.2025 10:32
Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните
Први денеска гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затвореници и лицата во притвор.
Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни, што е повеќе од локалните избори во 2021-та година.
-
Македонија 18.10.2025 10:09
На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа
На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа. На 8-те по ред локални избори, во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Ќе се гласа на 3 илјади 480 избирачки места во 80 општини и градот Скопје. Во 132 избирачки места се регистрирани помалку од десет избирачи.
-
Македонија 18.10.2025 09:38
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.










