Во Општина Велес се гласа на 84 избирачки места. Изборниот процес започна без проблеми. Оттаму известува Петар Печков.
-
Македонија 19.10.2025 07:37
-
Македонија 19.10.2025 07:24
Навремено отворени гласачките места
Репортерите на Македонската телевизија во текот на целиот ден ќе бидат на терен во целата држава, со информации за текот на гласањето. Мартин Николовски известува од едно избирачко место во Чаир.
-
Македонија 19.10.2025 07:15
Македонија гласа, отворени избирачките места
За локалните избори во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Во избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи.
Елизабета Кузмановска известува од Државната изборна комисија.
-
Македонија 18.10.2025 20:48
Избран изведувач за изградба на Универзална сала
Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.
-
Македонија 18.10.2025 19:11
За локалните избори акредитирани 1.451 набљудувачи
1.451 набљудувач се акредитирани за локалните избори. ДИК соопшти дека се акредитирани 807 домашни и 644 странски набљудувачи и 12 странски новинари. Најголем број од странските се од набљудувачката мисија на ОДИХР 524 набљудувачи.
-
Македонија 18.10.2025 19:04
Посета на највисоките јавнообвинителски институции во Португалија
Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Советот на јавните обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители во периодот од 13-17 октомври престојуваше во студиска посета на Лисабон, Португалија.
-
Македонија 18.10.2025 18:49
Изборен молк, утре гласање во 80 општини и Скопје
На полноќ почна изборниот молк пред утрешното гласање, на 8-те по ред локални избори. Денеска први ливчиња во изборните кутии. Гласаат затвореници, болни, немоќни и лица во старските домови.
-
Македонија 18.10.2025 17:26
Во Штип гласаа 152 стари и изнемоштени лица и 221 штитеник на КПД
Во Штип на овие избори ќе се гласа на 80 гласачки места. Има 41.411 граѓани со право на глас. Во однос на минатогодишните избори, има десет гласачки места помалку заради тоа што не го исполнуваат условот за најмалку 10 гласачи. Се работи главно за избирачки места во руралните средини
-
Македонија 18.10.2025 17:09
Се гласа во два старски домови во Битола
Мирно и непречено се одвива гласањето на трите избирачки места во Битола. Денес своето право на глас имаат можност да го искористат вкупно 108 стари лица во два старски домови. 70 од нив во старскиот дом „Сју Рајдер, каде гласаат лица од 16 општини.
-
Македонија 18.10.2025 16:43
Во Охрид 230 болни и немоќни со право на глас, гласањето без проблеми
77-годишниот Наум Наумоски од Стар град, за прв пат гласаше од дома. Болеста го заробила во домот, ослепел на двете очи, но тоа не го спречи и не се откажа од демократското право на глас.










