Во текот на викендот не очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови од земјава.
-
Македонија 25.09.2015 14:38
-
Македонија 25.09.2015 14:16
Мерки за поголема безбедност во сообраќајот
Аларм за надлежните по низата сообраќајни незгоди со смртни последици во Скопје. Во првите осум месеци од годинава имало засилени контроли, а од сообраќај биле исклучени над три илјади и 700 возачи, од кои под дејство на алкохол се санкционирани близу 1.600.
-
Македонија 25.09.2015 13:38
Расчистен е одронот во Шипковица
Расчистен е одронот во Шипковица што го прекина сообраќајот кон селата Бродец, Бозовце и Вешала, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-
Македонија 25.09.2015 13:03
За 24 часа издадени над 2 илјади потврди за азил
Во Македонија во изминатово деноноќие влегле малку повеќе од 2 илјади мигранти, информираат службите на Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 25.09.2015 12:51
Стотина македонски камиони заглавени на хрватско-српската граница
Стотина македонски камиони се заглавени на хрватско-српската граница поради блокадите на граничните премини меѓу Хрватска и Србија што меѓусебно ги воведоа Загреб и Белград, соопштуваат од транспортните асоцијации во земјава.
-
Македонија 25.09.2015 12:07
Обвинителство: На Хаџиски да му се суди одново
Обвинителството се согласи на обвинетиот Миле Хаџиски да му се суди одново. Откако обвинетиот достави барање за повторување на постапката, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.
-
Македонија 25.09.2015 11:37
Македонец почина во затворот во Детроит
Македонецот Давид Стојчевски почина во затворот во Детроит откако за 17 дена од затварањето ослабел 25 килограми.
Минатата година направил сообраќаен прекршок поради што требал да плати глоба од 750 долари, но бидејќи немал пари, судот му изрекол казна затвор од еден месец.
-
Македонија 25.09.2015 10:57
Охридскиот совет ја усвои физибилити студијата за изградба на марина
По бурна расправија охридските советници ја усвоија физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште.
-
Македонија 25.09.2015 10:36
Домашното производство на свинско месо обезбедува само половина од потребите
Домашното производство на свинско месо ги обезбедува само половина од потребите на пазарот кои изнесуваат 40.000 тони.Поголем дел од сежото месо доаѓа од фармите, а месната индустрија за своите потреби увезува замрзнато свинско месо.
-
Македонија 25.09.2015 09:59
Денес врнежливо и облачно, викендов променливо време
Времето во текот на денов ќе биде врнежливо и облачно, а викендов променливо со температури до 26 степени.










