• Македонија 09.03.2015 15:22

    Метео

    Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени слаби локални врнежи од дожд и од снег. Температурите нема да бележат позначајна промена.

  • Македонија 09.03.2015 14:51

    Отпишани долговите на 9.000 семејства

    Во рамки на владината мерка за еднократен отпис на долгови на граѓаните, досега се отпишани долгови на 9.000 смејства, во висина од 900 милиони денари. Вкупно се поднесени 41.765 барања и се работи на подготвување нови решенија.

  • Македонија 09.03.2015 14:10

    Костовска: Починатите бебиња не биле вакцинирани со „Дитепер“

    Двете новороденчиња за кои дел од медиумите објавија дека постои можност да починале по прием на вакцина „Дитепер“ воопшто не биле вакцинирани со неа, вели претседателката на Комисијата за заразни болести, Јованка Костовска.

  • Македонија 09.03.2015 12:44

    Доделување решенија за отпис на долгови

    Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во Владата ќе ги поделат решенијата за еднократен отпис на долгови.

  • Македонија 09.03.2015 12:17

    Зголемен бројот на болни од стомачен вирус

    Иако има зголемување на појавата од стомачен вирус кај децата, лекарите велат дека ситуацијата не е алармантна. Ова заболување најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено на почетокот на пролетта и летото.

  • Македонија 09.03.2015 12:07

    Јапонски грант за три општини и Клиниката за радиологија во Скопје

    Јапонската влада ќе додели грант од 260 илјади евра за поддршка на 4 проекти во општините Центар Жупа, Демир Хисар и Велес, како и за скопската Клиника за радиологија. Со грантот Центар Жупа ќе добие амбулантно возило и возило за домашна посета за што се наменети околу 55 илјади евра

  • Македонија 09.03.2015 11:48

    Дождовите ја одложуваат сеидбената сезона

    Неделава се најавува стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. Според УХМР ќе дува и умерен ветер од северен правец. 

  • Македонија 09.03.2015 08:44

    „Ало докторе“: 1.290 јавувања за една недела

    На телефонската линија за медицински совет 02/15123 „Ало докторе“ во изминатите седум дена се регистрирани 1.290 јавувања. Од средината на септември од кога е во функција линијата досега имало 26.740 повици за медицински совет, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.
     
  • Македонија 09.03.2015 08:33

    АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на Маврово - Дебар

    Поради остатоци од снег на коловозoт, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 
     
  • Македонија 09.03.2015 08:30

    Средба на Јолевски со Жан- Марк Тодешини

    Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Охрид ќе оствари средба со државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Француската Република, Жан-Марк Тодешини.
     

Pages