Грција загуби во спорот за името, а името Македонија го прифаќаат 95 % од државите во светот - порача Никос Диму, член на новата грчка политичка партија “Потами”, во рамките на гостувањето во емисија на телевизијата Скај.
-
Македонија 11.03.2014 08:50
-
Македонија 11.03.2014 08:46
Пријавувањето за субвенции за млеко е во тек
До 30-ти април млекопроизводителите треба да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во последните 4 месеци оид 2013-та.
-
Македонија 10.03.2014 18:13
До крајот на јуни пешачка патека меѓу Стар и Нов Дојран
До крајот на јуни ќе завршат градежните работи на пешачката патека која ќе ги поврзува Стар и Нов Дојран. Со изградбата на последните 2.800 метри, ќе се комплетира целата должина меѓу двата Дојрана од околу 6 километри.
-
Македонија 10.03.2014 17:23
„Шпион“: Ефремов со лаги и манипулации инкасирал 380.000 денари
Со лаги и манипулации, првообвинетиот во мега аферата „Шпион“, Маријан Ефремов успеа да инкасира 380.000 денари - тврди професорот Блажо Јованов кој пред судот се појави како сведок во случајот ,,Шпион“.
-
Македонија 10.03.2014 17:01
Југохром ќе бара пролонгирање на рокот за еколошките стандарди
Рокот за компаниите да ги воведат еколошките стандарди што ги наложи Министерството за екологија истекува на 1-ви април. Но Југохром од Јегуновце ќе бара пролонгирање бидејќи им биле потребни уште близу две години за реализација на најкомплицираните процеси.
-
Македонија 10.03.2014 16:29
Информатичарите најбрзо стигнуваат до работа
18 компании од ИТ секторот нудат можност за вработување и практична работа. За студентите од информатичките науки, овој саем е шанса да се вработат и да станат дел од тимот на овие компании, меѓу која е и британската Ендава, која најави вработување на околу 400 ИТ инженери од земјава.
-
Македонија 10.03.2014 16:20
Социјално претпримеништво- надеж за невработените
Дрвото и стаклото во вештите раце на Горјан Цветковски добиваат форма. Хобито и уметноста станале извор за егзистенција. Средното уметничко му помогнало лесно да се вклопи во изработката на македонски национални ракотворби.
-
Македонија 10.03.2014 16:18
124.968 граѓани без биометриски документи. МВР до изборите ќе издава по брза постапка
По навика, за да завршиме некоја работа, а што ни е обврска, скоро секогаш го чекаме последниот воз. Така, без биометриски документи останале 124.968 македонски граѓани. МВР им излегува во пресрет за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори.
-
Македонија 10.03.2014 16:05
Османи: ДУИ активно ќе работи изборите да пропаднат
ДУИ нема да ги бојкотира претседателските избори, туку активно ќе работи тие да пропаднат. Овој став на Ахмети го потврди портпаролот Османи за, како што рече, да победи идејата на ДУИ за консензуален кандидат.
-
Македонија 10.03.2014 16:03
Какви грешки правеле матичните лекари, специјалистите и болниците во 2013-та?!
Лани контролорите на Фондот за здравствено осигурување направиле вкупно 4578 контроли. Од нив најмногу,односно 4048 биле на примарно ниво,односно кај матичните лекари.







