Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами и јавните обвинители во ЈОРСМ Анита Тополова Исајловска и Елвин Вели денеска остварија средба со претставници на Држ
-
Македонија 16.09.2025 16:02
-
Македонија 16.09.2025 15:44
МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба, пациентот починал и покрај сите преземени мерки
Во врска со случајот со починатиот пациент на Клиника за онкологија, Министерството за здравство информира дека пациентот е донесен во исклучително тешка состојба, со 4 стадиум метастази на коски, што било констатирано пред една година и дадена терапија.
-
Македонија 16.09.2025 15:25
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
Мобилен царински тим на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар.
-
Македонија 16.09.2025 15:06
Mеџити: Mинистерството бара засилена контрола од општините и инспекторатот
На барање на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити пратена е препорака до општините за спроведување на детални контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување.
-
Македонија 16.09.2025 14:31
Утре и задутре посвежо и ветровито, во деновите потоа пораст на температурите
Утре и во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), соопштуваат од УХМР.
Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
-
Македонија 16.09.2025 14:04
Увидот за пожарот во Трубарево почнува утре
Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
-
Македонија 16.09.2025 13:43
Убиецот имал забрана за приближување до жената
Велес сè уште е во шок по вчерашното двојно убиство и самоубиство. Убиецот пред пет дена бил условно осуден и имал забрана да ѝ се приближува на жената.
Петар Печков известува.
-
Македонија 16.09.2025 13:32
Судење на директорите Васев и Нухи
Двајцата ексдиректори на Клиниката за онкологија, Васев и Нухи на обвинителна клупа. Се гонат за злоупотреба на службената положба и за проневера во службата, тешка 2,2 милијарди денари. Тие негираа вина, Обвинителството уверено дека ќе го докаже случајот.
-
Македонија 16.09.2025 13:23
Пожарот во Трубарево целосно локализиран, во тек истрага
Во тек е истрагата за пожарот во Трубарево. Истекува краткотрајниот притвор на четворицата приведени, се чекаат и анализите за загадувањето на воздухот – Борис Грујоски известува.
-
Македонија 16.09.2025 13:15
Подметнат пожар во автосервис во Пинтија
Ноќеска е подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија. Изгореа автомобили, масло и други запаливи предмети. Објавено е видео од безбедносна камера, на кое се гледа како млад маж со качулка намерно го предизвикува пожарот.
Александра Велинова е на терен.










