Последниот подметнат пожар во Пинтија за премиерот Мицкоски е доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред избори. Тој откри и дека денеска заседава врвот на МВР.
Марина Стојанова-Тонева известува.
Последниот подметнат пожар во Пинтија за премиерот Мицкоски е доказ дека постојат центри на моќ што се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред избори. Тој откри и дека денеска заседава врвот на МВР.
Марина Стојанова-Тонева известува.
Мистериозните пештери на Галичица да станат туристичка атракција. Охрид има капацитет и треба да развива спелеолошки туризам, сугерираат експертите.
Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков присуствуваше на отворањето на првиот регионален научен, иновациски и технолошки парк кој треба да отвори ново поглавје за нашата земја, за младите и прогресивни луѓе кои се поврзуваат преку науката, градејќи и создавајќи подобра
Активната транспарентност на министерствата е намалена во однос на минатата година, додека кај општините останува на исто ниво – покажува најновото годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска до 18.09.2025 година ќе учествува на 28. конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).
Изутрината пожар избувнал и во сервис за возила пред населбата Пинтија. Гореле повеќе автомобили, моторно масло и други запаливи предмети, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Било интервенирано со 8 противпожарни возила, по што огнот бил целосно изгаснат.
Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков денеска ќе присуствува на отворањето на првиот регионален научен, иновациски и технолошки парк кој ќе гради мостови на знаење, мостови на соработка и мостови на пријателства и зад границите.
Синоќа, еден час пред полноќ повторно бил предизвикан пожар во депонијата „Дрисла“, и тоа на сосема друго место, подалеку од жариштето што беше активно изминативе денови, информираше Дирекцијата за заштита и спасување.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува со активности во рамки на кампањата која се спроведува по повод одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2025“, која секоја година ќе се одржи во периодот од 16 до 22 септември.
Продолжува судењето за случајот „Онкологија“. Денеска во Кривичен треба да се сослушаат сведоците предложени од обвинителството.
На обвинителна клупа за случајот „Онкологија“ два се поранешниот медицински и економски директор Нино Васе и Нехад Нухи.