Имало зголемени концентрации на штетни гасови во атмосфера на денот на пожарот во складиштето за отпад и третирање на истиот во Трубарево, покажуваат анализите на Државниот инспекторат за животна средина и тоа за два до три пати, особено на јаглероден моноксид, јаглероден диоксид и азотни оксиди.
-
Македонија 15.09.2025 19:24
-
Македонија 15.09.2025 19:03
Двојно убиство и самоубиство во Велес
Двојно убиство па самоубиство се случи попладнево во Велес. Според првични информации, маж со огнено оружје ја усмртил својата невенчана сопруга и нејзиниот татко, а потоа извршил самоубиство.
-
Македонија 15.09.2025 18:43
Едно лице фатено на дело при изнуда, прва успешна акција на Истражниот центар на ОЈО Битола
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
-
Македонија 15.09.2025 18:19
Лекарска помош за присутните во близина на пожарот
13 интервенции на Итната помош се извршени по пожарот во Трубарево, а од нив само едно лице е пренесено на Клиниката за токсикологија, информираат од Министерството за здравство.
-
Македонија 15.09.2025 17:44
Се проверува загадувањето на животната средина
Во една од лабораториите на Земјоделскиот факултет во Скопје во тек е анализа на составот на почва, PH-вредноста, но и загаденоста. Има ли тешки метали во почвата во Трубарево, ќе испитуваат стручњаците.
-
Македонија 15.09.2025 17:20
Брифинг за состојбите по пожарот во Трубарево
Итен состанок во Министерството за животна средина, под палката на вицепремиерот Меџити. Надлежните институции треба да излезат со информација, што испушташе чадот, додека гореше огнената стихија во фабриката во Трубарево. Пожарот иако е изгаснат, сепак наместа се појавуваат мали жаришта.
-
Македонија 15.09.2025 17:13
Инспекторите не забележале неправилности, отпадот имал валидна дозвола
Валидна е дозволата на компанијата за управување со отпад во Трубарево во која избувна пожарот, била издадена во мај 2021, а важи до мај следната година-велат од Секторот за отпад при Министерството за животна средина.
-
Македонија 15.09.2025 17:02
Продолжуваат партиските обвинувања за пожарот во Трубарево
Не видовме решенија за 15 месеци, вели Филипче и побара оставки од министрите за здравство Алиу и внатрешни работи и Тошковски поради несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните.
-
Македонија 15.09.2025 16:44
Во Законодавниот дом одбележан Меѓународниот ден на демократијата
Законодавниот дом кој треба да биде фабрика за решенија, често се претвора во кафеана со отворен микрофон. Пратеници се погласни во етикетирањата и навредите, додека проблемите на граѓаните чекаат пред врата.
-
Македонија 15.09.2025 16:16
Тошковски: Истрагата се продлабочува, ќе одговараат сите инволвирани во катастрофата
Четворица приведени добија 48-часовен притвор за пожарот во објектот за електронски и пластичен отпад во Трубарево. МВР испитува вмешаност и на други одговорни лица за пожарот.










