Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, инфомрираат од Министерството за транспорт.
-
Македонија 21.06.2025 16:50
-
Македонија 21.06.2025 15:42
Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во телефонски разговор со премиерот Христијан Мицкоски му дал поддршка за евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека земјава го заслужува членството во ЕУ.
За телефонскиот разговор информираа двајцата премиери на нивните социјални медиуми.
-
Македонија 21.06.2025 13:59
Истрага за помагање по убиството на Вања и Панче – лишено од слобода едно лице
Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
-
Македонија 21.06.2025 13:43
Партиски комбинаторики за локалните избори
Додека во ДИК се очекува распишување на изборите, партиите на големо калкулираат. Математики, интереси, рејтинзи … сè е во игра. Си ги промовираат своите кандидати, но резервирани се кога е во прашање поддршката на кандидати од коалициски партнери или да споделат други комбинации.
-
Македонија 21.06.2025 13:24
Во Градашорци ќе се прави Спомен соба со музејска збирка за Мис Стон
Американската мисионерка Мис Стон ќе добие спомен соба во Градашорци. Општина Василево со пари од ЕУ од програмата за прекугранична соработка со Бугарија ќе го реконструира домот на култура каде се планира собата со музејска збирка.
-
Македонија 21.06.2025 12:53
Задолжителна обука за лицата кои учествуваат во гаснење пожари
Недостигот од професионални пожарникари за справување со големиот број пожари во летните месеци, се надополнува со сезонски и пожарникари од доброволните противпожарни друштва. Но, за да можат истите да се справат со овие појави, потребно е да бидат соодветно обучени.
-
Македонија 21.06.2025 11:48
Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција
Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепен
-
Македонија 21.06.2025 10:49
Лишен од слобода возач од тетовско, управувал возило со брзина од 190 км на час на место каде што е дозволено 80 км на час
Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М.
-
Македонија 21.06.2025 09:36
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 30 – 40 минути.
-
Македонија 21.06.2025 09:21
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран ноќеска во пограничното епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 километри југозападно од Скопје.








