МВР

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Струга

16.01.2025 17:20

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид

Со тешки телесни повреди се здобил пешак при удар од патничко возило ноќеска во близина на трговската зона кај Струга, соопшти СВР Охрид.

Во 1 часот и 50 минути во полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од селото Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Увидна екипа на ОВР Струга извршила увид на местото на незгодата.