Протест

Продолжува протестот на УПОЗ, Владата повикува преку дијалог да се најде решение

16.01.2025 16:05

Вработените во дел од државните институции продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори.

Инспекторите сè уште не земале декемвриска плата, велат од синдикатот на УПОЗ. Пред државниот Завод за статистика дел од вработените во државната администрација продолжија со предупредувачкиот получасовен протест за зголемен додаток на плата од 30% и потпишување на колективни договори.

Деаноски не сакаше да открие во кои министерства се врши притисок, а најави дека на средба со претставниците на синдикалните организации ќе решат во каква форма ќе продолжат протестите.

Независниот синдикат на државната управа на средба во Владата.

Од Владата повикаа преку дијалог да се најде решение за барањата на административците иако веќе излегоа со став дека буџетот е ограничен.

Протестите ќе продолжат и во наредните денови, во петок ќе се протестира пред Министерството за финансии.

 

Борис Грујоски