Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-9 степени. Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 54 сантиметри на Попова Шапка...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени-9 степени, -8 било на Попова Шапка, -6 во Дебар, -5 во Штип и Крива Паланка, -4 во Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Виница и Тетово, -3 во Прилеп и Куманово, -2 во Скопје-Петровец, Битола, Гевгелија, Маврови Анови и Крушево, -1 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 0 во Охрид и Претор.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 во Маврови Анови, 31 во Крушево, 22 во Битола, 20 во Дебар, 15 во Тетово, 11 во Штип, 10 во Берово, 8 во Демир Капија, 6 во Прилеп, 3 во Крива Паланка и Претор, 1 во Струмица.
