Временска прогноза
Наутро студено, преку денот променливо облачно
20.01.2025 08:01
Ќе дува слаб променлив ветер...

Утрото студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност.
