Здравство

Таравари ја разреши директорката на „Козле“

04.02.2025 13:29

На нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска. Тензиите кулминираа со барањето на Симоновска, медиумите да не го споменуваат нејзиното име, иако таа извршуваше јавна функција, на што реагираа новинарските здруженија и синдикати.

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска го потпишал решението, со кое досегашната директорка на Универзитетската клиника за белодробни заболувања „Козле“, д-р Каролина Симоновска, се разрешува од функцијата.

На нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска. Тензиите кулминираа со барањето на Симоновска, медиумите да не го споменуваат нејзиното име, иако таа извршуваше јавна функција, на што реагираа новинарските здруженија и синдикати.

Во изминатиот период, медицинскиот персонал алармираше за внатрешни проблеми на Клиниката за белодробни заболувања „Козле“.