Судство

Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов

06.02.2025 08:41

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски ова го изјави, по изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот Васил за сообраќајката на „Партизанска“...

Судскиот совет денеска треба да формира комисија која ќе ги разгледа сите списи во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, по што ќе излезе со став дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Јованов.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски ова го изјави, по изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот Васил за сообраќајката на „Партизанска“.

Тој вчера информира и дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста.се посочува и дека неточни се шпекулациите дека обвинетиот бил претходно осудуван и се воделе други кривични постапки против него, што е евидентно и од наводите на Јавниот обвинител и Казнената евиденција, а кои се, како што се посочува, тие фамозни 10 пријави по кои постапувал истиот судија за истиот обвинет се прашуваме и ние, зошто такви пријави не се процесуирани до судот.