Кочани
40. Марш за ангелите во Кочани
04.04.2026 16:56
Семејствата на жртвите велат дека една година очекуваат вистинска правда и дека ќе продолжат да маршираат сè додека не се добие, како што велат, правдата што ја заслужуваат нивните деца...

40-ти „Марш за ангелите“ во Кочани. Семејствата на жртвите велат дека една година очекуваат вистинска правда и дека ќе продолжат да маршираат сè додека не се добие, како што велат, правдата што ја заслужуваат нивните деца.
На маршот, кој се одржува попладнево, се говори и за молкот на институциите по трагедијата, за одговорноста што сè уште се чека, како и за прашањата кои останале без одговор.
