ВО ДОБРО И ВО ЗЛО

Филмот на американскиот режисер Дејвид Расел „Во добро и во зло“ ја освои награда на публиката на Филмскиот фестивал во Торонто во 2012 година. Сценариото на филмот е инспирирано од романот на Метју Квик, кој со хумор се занимава со човек кој целосно се изгубил себеси во својот професионален и личен живот.
Пат Солатано (Бредли Купер) изгубил се, куќата, сопругата и работата. Завршил на психијатриска клиника и после осум месеци се враќа да живее со родителите (Роберт Де Ниро и Џеки Вивер), но незадоволен, решава да прави се за да си го врати назад животот.
Ја запознава мистериозната Тифани (Џенифер Лоренс), која и самата има многу проблеми и работите стануваат покомплицирани. Таа решава да му помогне да си го врати стариот живот доколку тој за возврат и помогне. Сепак, сè ќе се промени кога судбината ќе ги вмеша своите прсти...
Улоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс
Режија: Дајвид Расел
