Игран филм
ВОЗЕЈЌИ ЈА Г-ЦА ДЕЈЗИ

Четврток, 21:10
Дејзи Вортан (Џесика Тенди) е лукава, но постара Еврејка која доживува мала сообраќајна несреќа, а нејзиниот син Були (Ден Ајкројд) ангажира приватен возач, Хук Колбурн (Морган Фримен). Старицата не може да се помири со фактот дека зависи од другите, па затоа се спротивставува на секој контакт со трпеливиот Колбурн. Сепак, меѓу нив се развива доверба што ги надминува социјалните и расните бариери...
Во 1990 година, филмот беше номиниран за дури девет Оскари и освои четири од нив: за најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио, најдобра шминка и најдобра женска улога, што ја прави Џесика Тенди најстарата добитничка на Оскар на 81-годишна возраст.
Улоги: Џесика Тенди, Морган Фримен
Режија: Брус Бересфорд
