СТАПИЦА

Непроценлива слика од Рембрант е украдена и покрај највисоките безбедносни мерки. Вирџинија Џин Бејкер (Кетрин Зета-Џонс), млада и привлечна истражителка за осигурителната компанија, е убедена дека таков потфат може да го изврши само еден крадец на светот. Нејзиниот шеф Хектор Круз (Вил Патон) се сомнева во нејзината теорија, но сепак ѝ дозволува да патува во Англија, каде што ќе стапи во контакт со Роберт Мек Мекдугал (Шон Конери), врвен крадец и експерт за спектакуларни кражби. „Мек“ неволно се согласува и започнува обемни подготовки за кражба на скапа кинеска маска, додека сомнежите за искреноста на неговиот партнер се мешаат со други чувства. Кражбата на маската е само вовед во уште поспектакуларен потфат во седиштето на банката во Куала Лумпур. На крајот, се испоставува дека речиси никој во бизнисот не е оној за кој се претставува.
Улоги: Шон Конери, Кетрин Зета-Џонс
Режија: Џон Амиел
