Разговорите продолжуваат

26.09.2026 16:09

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли последниот предлог на Иран. Зад сцената продолжуваат дипломатските разговори меѓу двете страни.

Американскиот претседател Трамп го отфрли иранскиот предлог доставен преку катарските посредници во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации. Планот на Техеран кој предвидуваше седумдневен прекин на огнот, деблокада на Ормускиот теснец во замена за укинување на санкциите за извоз на иранската нафта и одмрзнување на иранските средства, не му се бендиса на шефот на Белата куќа. Со предлогот Техеран се обврзуваше и за продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма.

„Иран му достави на САД, преку Катар, конкретен седумдневен план. Доколку се исполнат потребните услови, теснецот може повторно да се отвори и да се воспостави нормален поморски пат. Иран не прифаќа принуда, закана или заплашување, нема да се откаже од своите суверени права под притисок“, изјави Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран.

Од Белата куќа испратени јасни сигнали за несогласувањето на претседателот. Трамп изразил сомнеж дека Техеран е подготвен да ги почитува предложените услови. Американските медиуми пренесуваат дека Трамп побарал од помошниците да се подготват за обновување на воздушните напади врз Иран по завршувањето на ноемвриските избори во САД.

Сепак, зад сцената продолжуваат интензивните дипломатски разговори меѓу Вашингтон и Техеран, но позициите на двете страни остануваат значително оддалечени.

Маја Стојанова