Детална истрага за нападите во Келн, засега уапсени 16 лица
Германската канцеларка Ангела Меркел побара итно решавање на случаите и преземање на драстични мерки.

Германија се уште е во шок откако медиумите информираа за хаосот за време на новогодишната ноќ, кога полицијата буквално не можела да одговори на повеќе од 100 повици за сексуални напади врз жени во Келн, но и во Штутгарт и во Цирих. Бранот бегалци од Сирија, Авганистан, Еритреја и други земји ги создаде првите проблеми. Жените стравуваат за својата безбедност.
„Секоја ноќ имам кошмари, неможам да спијам. Се плашам да излезам сама надвор“, вели една од жртвите.
„Овие напади се сериозна закана за жените.“
Германската канцеларка Ангела Меркел побара итно решавање на случаите и преземање на драстични мерки.
„Тоа што се случи за новогодишната ноќ е неприфатливо, нашата држава нема да прифати такво однесување. Чувството што тие жени го имале, дека се целосно незаштитени и оставени сами на себе, лично за мене е неприфатливо и затоа е важно да се открие се што се случило“, изјави канцеларката Меркел.
Германската полиција која не може да се справи со новонастанатата состојба, и со агресивното однесување на бегалците, уапсела и идентификувала 16-мина воглавно од Северна Африка. Но, според информациите имало и граѓани на Сирија.. Според полициски извори еден од напаѓачите изјавил: „Јас сум Сириец, не ми можете ништо, госпоѓа Меркел ме викна.“
„Истрагата е ориентирана кон луѓе кои доаѓаат од Северна Африка. Тие работат во групи, а имаат дозвола за престој во земјава. Тие се сомничат за повеќе кривични дела меѓу кои коцкање, трговија со дрога, кражби, сега почнаа и да силуваат жени. Навистина сме загрижени“, изјави Себастијан Фидлер, заменик регионален претседател.
По Германија, жртви на сексуално злоставување за време на Новогодишната ноќ и во Австрија, но и во Финска и Швајцарија. Мажи од Авганистан и Сирија се осомничени за нападите.
Министерката за внатрешни работи на Австрија, Лајтнер најави сериозна истрага без разлика дали напаѓачите се бегалци, подносители на барања за азил или Австријци.
Марија Петковска
