Грција
Мицотакис нов лидер на Нова демократија
11.01.2016 10:27
47-годишниот Мицотакис освои 51 отсто од гласовите и го совлада поранешниот претседател на парламентот, 62-годишниот Вангелис Мејмаракис, кој важеше за фаворит пред гласањето.

Синот на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис и братот на некогашната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, Кирјакос Мицотакис вчера е избран за нов лидер на опозициската конзервативна партија Нова демократија.
47-годишниот Мицотакис освои 51 отсто од гласовите и го совлада поранешниот претседател на парламентот, 62-годишниот Вангелис Мејмаракис, кој важеше за фаворит пред гласањето.
Иако, партијата се уште не ги објави конечните резултати од гласањето, Мејмеракис уште синоќа го призна поразот.
