Банки
Расте кредитирањето и на компаниите и на граѓаните
27.01.2016 12:10
Кредитирањето на приватниот сектор особено се интензивирало во декември, кога банките одобриле кредити вредни 125 милиони евра.

Банките лани им одобриле на приватните фирми 395,4 милиони евра кредити, што е за 9,5% повеќе во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци што ги објави Централната банка.
Кредитирањето на приватниот сектор особено се интензивирало во декември, кога банките одобриле кредити вредни 125 милиони евра.
Износот на средства одобрен на граѓаните лани достигнал 223,8 милиони евра, односно бил повисок за скоро 13% во однос на 2014-та.
