„Џонсон Контролс“ ќе гради фабрика и во Струмица
Попладнево компанијата потпишува договор за изградба на втората фабрика во земјава, во Струмица. Слично како и во Штип, и во струмичката зона ќе се произведуваат навлаки за седишта за автомобилската индустрија.

Американски „Џонсон Контролс“ повторно инвестира во Mакедонија. Попладнево компанијата потпишува договор за изградба на втората фабрика во земјава, во Струмица. Слично како и во Штип, и во струмичката зона ќе се произведуваат навлаки за седишта за автомобилската индустрија.
Инвестицијата е во вредност од 20-ина милиони долари и треба да отвори 1.500 работни места. Со оваа инвестиција, оваа компанија ќе вработува вкупно 3.000 луѓе во земјава.
Преговорите со менаџментот на „Џонсон Контролс“ траеле од април до октомври, кога била донесена и финалната одлука за инвестирање.
