Финансиска поддршка за отворање приватни домови за стари лица
Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места, соопшти денес заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Нова мерка за неповратна финансиска поддршка во износ од 750 илјади денари за отворање приватен дом за стари лица. Сите заинтересирани правни или физички лица можат да аплицираат на огласот кој веќе е во тек.
Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места, соопшти денес заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Директорот на АВРМ Влатко Поповски изјави дека по добивањето на сите апликации, ќе се направи проверка на бизнис плановите и на крајот со Комисија која ќе биде формирана во АВРМ и составена од релевантни институции, ќе се одлучи на кои барања ќе биде одговорено позитивно.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека владата и натаму ќе продолжи со реализацијата на планот за изградба на државен дом за стари лица.
Досега во земјава се отворени 17 приватни домови за стари лица.
