Нов напад на турските безбедносни сили

19.02.2016 13:15

Нападот следи еден ден откако најмалку 7 припадници на турските безбедносни сили загинаа кога нивното возило беше цел на бомбашки напад.

Двајца турски војници и еден полицаец се убиени во напад на курдските екстремисти во Дијарбекир, на југоистокот на Турција.

Во соопштението на турската војска се наведува дека екстремисти од Работничката партија на Курдистан, која е забранета во Турција нападнале безбедносни сили во градот Сур, каде што уште од декември на сила е целодневен полициски час.

Нападот следи еден ден откако најмалку 7 припадници на турските безбедносни сили загинаа кога нивното возило беше цел на бомбашки напад.

Во меѓувреме, турската армија ги интензивираше нападите врз регионите под контрола на курдите во северна Сирија.