Сирија: Повеќе од 100 луѓе загинати во низа напади
22.02.2016 10:43
Имало неколку напади, вклучувајќи и автомобил-бомба во близина на шиитскиот град јужно од Дамаск.

Во бомбашки напади во Хомс и во близина на храм во Дамск се убиени повеќе од 100 луѓе. Сириската државна телевизија објави материјали од самото место на нападот во квартот Ал-Захра, каде што се гледа дека екплозијата предизвикала голем пожар.
Имало неколку напади, вклучувајќи и автомобил-бомба во близина на шиитскиот град јужно од Дамаск.
Вчера американскиот државен секретар Кери и рускиот шеф на дипломатијата Лавров преку телефон постигнале договор за прекин на огнот во Сирија.
Договорот што треба да биде потврден од шефовите на САД и на Русија ќе стапи во сила за неколку дена.
