САД- Северна Кореја: Одбиен предлогот за мировна спогодба
22.02.2016 11:20
Со образложение дека нема да се опфати денуклеаризацијата на полуостровот, портпаролот Џон Кирби изјави дека ова е реакција на пишувањето на „Волстрит журнал“ ...

САД го одбија предлогот на Северна Кореја да разговараат за мировната спогодба за конфликтот меѓу двете Кореи, соопшти Стејт Департментот.
Со образложение дека нема да се опфати денуклеаризацијата на полуостровот, портпаролот Џон Кирби изјави дека ова е реакција на пишувањето на „Волстрит журнал“ според кој Белата Куќа во тајност се согласила на мировни преговори пред последниот нуклеарен тест на Пјонгјанг.
