33-годишната кошаркарска ѕвезда Џејмс Харден поднел барање до клупското раководство да го напушти НБА лигашот Филаделфија, пренесуваат повеќе американски медиуми.
Спорт
-
Кошарка 30.06.2023 17:27
-
Тенис 30.06.2023 16:30
Ѓоковиќ против Качин на стартот на Вимблдон
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата во Вимблдон против Аргентинецот Педро Качин (68 на АТП листата), одлучи денешната жрепка за третиот овогодишен грен – слем турнир.
-
Кошарка 29.06.2023 19:37
НБА и играчите потпишаа колективен договор
Кошаркарската НБА лига и нејзините играчи потпишаа нов колективен договор кој ќе важи до сезоната 2029/30.
Седумгодишниот договор стапува на сила в сабота, ден пред почетокот на летниот преоден рок.
-
Останати спортови 28.06.2023 18:18
Ледецки со трето најдобро време во историјата на 800 метри
Седумкратната носителка на златен олимписки медал Кети Ледецки победи на државното првенство на САД на 800 метри слободен стил, постигнувајќи трето најдобро време во историјата.
-
Фудбал 28.06.2023 18:15
Баерн ја прекина комерцијалната соработка со Катар ервејс
Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен објави денеска дека спогодбено ја прекина комерцијалната соработка со авиокомпанијата Катар ервејс, која долго време предизвикуваше контроверзи поради обвинувањата за кршење на човековите права во оваа заливска држава.
-
Останати спортови 27.06.2023 18:08
Георгиевски освои сребро на Европските игри
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска, откако вчера во финалето во категоријата над 87 килограми загуби од Британецот Кејдон Луис Канингам со 2-0.
-
Ракомет 27.06.2023 18:04
Кирил Лазаров во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација
Актуелниот селектор и најуспешен македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров вчера вечер на гала свеченост во Виена е примен во „Куќата на славни“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
-
Фудбал 26.06.2023 19:55
Муслиу нов фудбалер на германски Падерборн
Репрезентативецот Висар Муслиу кариерата ќе ја продолжи во Падерборн, соопшти денеска германскиот второлигаш.
28- годишниот Муслиу се пресели во членот на Втората Бундеслига од редовите на третолигашот Инголштад, чиј дрес го носеше изминатите 18 месеци.
-
Ракомет 26.06.2023 18:01
Радовиќ го наушти Еурофарм Пелистер
Мирко Радовиќ, досегашниот капитен на Еурофарм Пелистер, ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион, откако битолскиот клуб објави синоќа дека спогодбено ја раскина соработката со црногорскиот репрезентативец, една година пред истек на договорот.
-
Кошарка 24.06.2023 01:32
Виктор Вембањама прв пик на Сан Антонио
Овогодинешниот драфт во НБА лигата помина без изненадувања, како и што се очекуваше првиот пик Виктор Вембањама заврши во Сан Антонио, како што се најавуваше.









