Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Светското првенство во Полска и Шведска. Вечерва во Краков, избраниците на селекторот Кирил Лазаров загуби од Холандија со убедливи 34:24.
Спорт
-
Ракомет 15.01.2023 20:11
-
Ракомет 13.01.2023 22:34
Норвешка пресилна за македонските ракометари
Големиот фаворит Норвешка не дозволи изненадување и ја совлада македонската репрезентација со 39:27 во првото коло Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023.
-
Кошарка 13.01.2023 18:19
Спарс продадоа рекордни 63.600 билети за натпреварот со Вориорс
Сан Антонио е блиску до соборување на рекордот на посетеност за еден натпревар во НБА во петокот вечерта кога Голден Стејт гостува кај клубот од Тексас.
-
Фудбал 13.01.2023 18:13
Реал и Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп
Во финалето на шпанскиот Супер, кој се одржува во Саудиска Арабија, ќе се игра „Ел Класико“ меѓу мадридски Реал и Барселона, откако каталонскиот тим синоќа го совлада Бетис на пенали 6-4 (1-1, 2-2).
-
Ракомет 13.01.2023 12:17
Вечерва првиот настап на ракометарите против Норвешка
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со натпреварот против Норвешка ќе го отвори настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. Репрезентацијата на Норвешка е една од фаворитите на Мундијалот и беше двапати по ред светски вицешампион во последниве шест години.
-
Ракомет 12.01.2023 18:21
Македонските ракометари пристигнаа во Краков
Македонската ракометна репрезентација попладнево со чартер лет пристигна во Краков, Полска, каде ќе ги игра натпревари од групната фаза на Светското првенство 2023.
-
Фудбал 12.01.2023 17:22
Ал-Хилал подготвен да му понуди на Меси 300 милиони долари годишно
Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во првенството на Саудиска Арабија. Според „Мундо Депортиво“, Ал-Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди плата од 300 милиони долари годишно.
-
Тенис 12.01.2023 15:18
Гледачите кои ќе го провоцираат Ѓоковиќ ќе бидат исфрлени од Австралија опен
Директорот на Австралија опен, Крег Тајли изјави дека обезбедувањето ќе ги избрка од трибините гледачите кои ќе го „закачат“ и провоцираат Новак Ѓоковиќ.
-
Ракомет 12.01.2023 09:15
Франција ја совлада Полска на отворањето на СП во ракомет
Во премиерниот натпревар на Светското ракометно првенство репрезентацијата на Франција во рамки на групата Б во Катовице со 26-24 (14-13) ја совлада Полска, која заедно со Шведска е домаќин на завршниот турнир.
-
Ракомет 11.01.2023 17:16
Стартува Светското првенство во ракомет
Денеска стартува светското првенство во ракомет, што се одржува во Полска и во Шведска. Македонските ракометари патуваат за Краков. Во нашата група се Норвешка, Холандија и Аргентина.









