Никола Јокиќ спречи метла, односно чистење или елиминација на неговата екипа по само 4 средби од серијата подобар од 7 и порача дека Денвер и порано бил отпишуван.
Спорт
-
Кошарка 25.04.2022 17:19
-
Тенис 25.04.2022 17:14
Уште 10 недели до апсолутен рекорд
И покрај поразот во финалето на Србија опен Новак Ѓоковиќ ја почна 367-та недела како водечки на светската ранг-листа и е сè поблиску до апсолутниот рекорд на Штефи Граф која своевремено 377 недели беше најдобра на листата на најдобри тенисерки во светот.
-
Ракомет 22.04.2022 22:50
Норвежанките и ослабени недопирливи за македонските ракометарки
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски пружија 47. минутен силен отпор против најтрофејната светска ракометна селекција. Македонија импресионирана од фаворитот влезе во натпреварот и во воведните десет минути имаше негатива од четири гола.
-
Фудбал 20.04.2022 22:32
Македонија Ѓорче Петров и Силекс во финале
Минатата сезона го освои купот, па испадна во втора лига, сега како второлигаш, Силекс ќе го брани трофејот. И фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ќе играат за вториот по вредност пехар во македонскиот фудбал.
-
Ракомет 20.04.2022 22:28
Победи на фаворитите
Во очекување на дербито на 2-ри мај во Битола што ќе го реши ракометниот шампион, победи на фаворитите во 5. коло од суперлигашкиот плеј – оф.
Еурофарм Пелистер славеше во Скопје кај Бутел со 26:17 и остана лидер со максимален ефект од пет триумфи и 19 бода.
-
Ракомет 20.04.2022 22:24
Македонија против светскиот првак, Норвешка
Нашата земја ќе биде коорганизатор на Европското првенство во ракомет годинава, па македонската женска репрезентација ќе учествува без квалификации.
-
Тенис 20.04.2022 22:20
Забрана за настап на руски и белоруски тенисери
Велат политиката не треба да се меша во спортот, но главните луѓе на веројатно најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон донесоа политички одлука и им забранија на руските и тенисерите и тенисерките од Белорусија да играат на третиот грен – слем во 2022-ра.
-
Кошарка 20.04.2022 22:16
Победи на Њу Орлеанс, Мемфис и на Мајами
НБА плеј – оф прво коло, Мајами поведе со 2:0, Мемфис и Њу Орлеанс израмнија на 1:1, но триумфот на кошаркарите на Пеликанс е неочекуван бидејќи е на паркетот на екипата којашто имаше најдобар биланс во основниот дел од сезоната, Феникс.
-
Кошарка 20.04.2022 22:11
ТФТ Скопје подобар од МЗТ Скопје Аеродром
Откако обезбедија враќање во АБА лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја веднаш да се префокусираат на натпреварите од домашната Супер лига. Аеродромци загубија од 73:69 што е нивни четврти пораз сезонава. Со 18 победи МЗТ остана втор, но сега со два бода помалку од Плеистер.
-
Кошарка 20.04.2022 22:06
Бадел во полуфинале, Струга обезбеди трет дуел
Очекувано најдобрата екипа од основниот дел од женската кошаркарска Прва лига, Бадел 1862 е третиот четвртфиналист на плеј – офот. Баделки славеа со 74:37 и со 2:0 ја завршија четвртфиналната серија против Гризли.









