Во првата Македонска фудбалска лига се одигра 30-то коло, во кое од четири натпревари, два завршија со минимална победа, два со поделба на пленот. Во дербито Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0, Борец –Скопје 1:0, Пелистер -Тиквеш 1:1 и Ренова - Струга Трим Лум 1:1.
Спорт
-
Фудбал 01.05.2022 22:28
-
Кошарка 01.05.2022 22:26
Победи за лидерот Пелистер, МЗТ Скопје и ТФТ
Кошаркарите го одиграа 4-то коло во Суперлигата, во кое водечкиот Пелистер и шампионот МЗТ Скопје беа сигурни пред своја публика. Во Битола лидерот Пелистер го совлада Еуроникел со 100:83, а МЗТ Скопје беше убедлив против Гостивар со 78 55.
-
Фудбал 29.04.2022 20:34
Разврска околу европските и бараж позициите
На четири кола до крајот на фудбалската Прва лига, пак, најважното е решено, Шкупи првпат е шампион. Неизвесно е уште кои две екипи преку првенството ќе играат европски квалификации и кои две ќе избегнат бараж за опстанок.
-
Ракомет 29.04.2022 20:30
Дерби за титула, Еурофрам Пелистер – Вардар 1962
Седумнаесет години Пелистер, сега како Еурофарм, чека шампионска титула, во меѓувреме Вардар девет од вкупно 14 пати беше ракометен првак. Четвртиот меѓусебен дуел сезонава, практично ќе решава за шампионскиот пехар иако викендов ќе се одигра седмото од десетте плеј – оф кола.
-
Тенис 29.04.2022 20:25
Борис Бекер осуден на 2,5 години затворска казна
Тројниот вимблдонски и шесткратен грен – слем шампион, Борис Бекер е осуден на затворска казна од 2,5 години бидејќи при банкротот и стечајната постапка криел пари, недвижнини и тениските трофеи.
-
Кошарка 29.04.2022 20:21
Феникс, Далас и Филаделфија во 2. коло
Со гостински победи Феникс, Далас и Филаделфија во шест меча ги завршија стартните плеј - оф серии и се пласираа во конференциските НБА полуфиналиња.
-
Останати спортови 29.04.2022 20:18
Светски рекорд на Армстронг на 50 метри грбно
Американскиот пливач, Хантер Армстронг е светски рекордер на 50 метри грбно, откако националните квалификации за Светското првенство исплива 23,71.
-
Кошарка 29.04.2022 20:14
Четири кандидати за две полуфинални места
Две обезбедија, но преостанатите шест екипи се во конкуренцијата за полуфиналните места во кошаркарската Супер лига. За најдоброто коешто обезбедува предност на домашен паркет во игра се Пелистер и МЗТ Скопје.
-
Тенис 29.04.2022 20:09
Ѓорческа и Хромачева во финалето во двојки
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и Русинката Ирина Хромачева ќе играат во финалето на ИТФ турнирот во Загреб, откако во два сета (6:2, 6:3) ја совладаа швајцарско – романската комбинација, Кнол – Миту.
-
Ракомет 28.04.2022 19:14
Ждрепка за Европското првенство за ракометарки
Франција, Холандија и Романија ќе им бидат противнички на македонските ракометарки на Европското првенство од 4-ти до 20-ти ноември.










