По 25 години мото гп трка во Индонезија. На дождливата патека Мандалика, триумф на мотоциклистот на КТМ, Мигуел Оливеира. 27-годишниот Португалец најдобро се снајде на екстремните услови за четвртата победа во кариерата.
Спорт
-
Останати спортови 21.03.2022 10:46
-
Кошарка 21.03.2022 10:45
Пет екипи за уште две места во Супер лигата
На три кола до крајот на основниот дел од кошаркарското првенство, четири екипи, Пелистер, МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар и ФМП Академија обезбедија учество, а уште пет конкурираат за простанатите две места за пласман во Супер лигата.
-
Кошарка 21.03.2022 09:53
Леброн Џејмс втор меѓу најдобрите поентери
Победи на домашните екипи во четирите НБА натпревари и ново големо постигнување на Леброн Џејмс. Најдобриот кошаркар на Лејкерс, постигна 38 коша во поразот кај Вашингтон со 127:119, но со вкупно 36,928 поени во карирерата го надмина Карл Мелоун и сега е втор на вечната НБА листа кошкетери.
-
Останати спортови 21.03.2022 09:41
Светски рекорди на Рохас и на Дуплантис
Два светски рекорда на атлетскиот мундијал во сала во Белград. Особено е вредно постигнувањето на атлетичарката од Венецуела, Јулимар Рохас која оствари трискок за историја, 15 метри и 74 сантиметри.
-
Ракомет 19.03.2022 21:04
Македонија поразена, но продолжува на патот кон СП
Македонската машка ракометна селекција претрпе пораз со 24-22 од селекцијата на Романија во реванш средбата што се одигра во Букурешт.Сепак, по победата на домашен терен со 8 гола разлика,нашите ракометари ќе продолжат во вториот сегмент од бараж натправарите и за да обезбедат настап на мундијало
-
Тенис 19.03.2022 18:13
Завршница на мастерсот во Индијан Велс
Тејлор Фриц против Андреј Рубљов и КАрлос Алкараз против Рафаел Надал се двојките од полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс. -
Формула 1 19.03.2022 18:10
Леклер на пол во Бахреин
Возачот на ферари Шарл Леклер ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за големата награда на Бахреин откако имаше најдобро време во квалификациите,како потврда за одличните перфоманси на новиот мотор на Ферари и потврда на стравувањата на Мерцедес дека се половина секунда зад Ферари.Се -
Останати спортови 18.03.2022 15:38
Стојоски го заврши настапот на светското првенство во сала
Единствениот македонски претставник на светското првенство во атлетика во сала чиј домаќин е Белград, Јован Стојоски денеска трчаше во квалификациската трка на 400 метри.
-
Тенис 18.03.2022 10:19
Надал стигна до осумнаесетата победа во низ сезонава
Шпанскиот тенисер и четврти носител, Рафаел Надал е на чекор до меч за 4-тата титула на тенискиот турнир во Индијан Велс како дел од мастерс 1000 серијата.
-
Ракомет 17.03.2022 22:00
Македонија убедлива против Романија, Талевски блесна со 10 голови
Во прекрасен амбиент и полни трибини во „Борис Трајковски“, Македонија ја совлада Романија со 30:22 во првиот меч од бараж двомечот за пласман на СП.
Македонија одигра добро првото полувреме по кое водеше со три разлика и перфектно второ полувреме и ја заслужи победата од осум разлика.










