Македонската Радио Телевизија со гордост информира дека на нејзините програми ексклузивно ќе ги емитува настаните од 23-те Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг, коишто ќе се одржат од 9 до 25 февруари оваа година.
Спорт
-
Останати спортови 05.02.2018 15:41
-
Кошарка 22.01.2018 20:58
Нов пораз на МЗТ Скопје Аеродром
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа 14-тиот пораз во АБА лигата откако вечерва на домашен терен загубија од шампионот Црвена Звезда со 92:58. За евролигашот од Белград ова беше 14-та победа.
-
Фудбал 18.01.2018 11:54
Македонија напредуваше три места на ФИФА ранг листата
Македонската фудбалска репрезентација 2018-та година ја започнува со позитивна вест. На првото рангирање на ФИФА годинава, фудбалската репрезентација забележа скок од три позиции и моментално се наоѓа на 73-то место на светската листа.
-
Ракомет 18.01.2018 11:42
Цепелинот меѓу Георгиевски и Лазаров- потег на натпреварот против Германија
Европската ракометна федерација за потег на вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Германија на првенството во Хрватска го прогласи цепелинот изведен меѓу Гоце Георгиевски и Кире Лазаров.
-
Ракомет 18.01.2018 11:33
Ракометарите продолжуваат во втората фаза од Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација продолжува во втората фаза на Европското првенство во ракомет. Со нерешениот резултат против актуелниот првак Германија, го освоивме првото место во групата.
-
Ракомет 17.01.2018 17:14
ЕХФ подготви специјално видео за македонските навивачи
Официјалниот медиумски канал на Европската ракометна федерација (ЕХФ ТВ), подготви видео за македонските навивачи.
-
Фудбал 28.12.2017 13:31
Ангеловски: Најуспешна година во историјата на македонскиот фудбал
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски изјави дека 2017 година е најуспешна во историјата на македонскиот фудбал.
-
Ракомет 27.12.2017 10:29
Стојанче Стоилов спортист на Македонија за 2017 година
Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов е избран за спортист на Македонија за 2017 година.
-
Ракомет 26.12.2017 21:00
Ракометарите тренираат под водство на Раул
Ракометната репрезентација на Македонија од денеска работи од „командата“ на селекторот Раул Гонзалез. Тој денеска се врати од Шпанија каде ги мина Божикните празници.
-
Фудбал 26.12.2017 15:32
Роналдо најдобар спортист во изборот на Европските новински агенции
Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, втор пат по ред, е прогласен за најдобар спортист на Европа во јубилејниот 60. избор на новински агенции од континентот.
На гласањето кое традиционално се организира од страна на полската агенција ПАП учествуваа 26 новински агенции.






