Спорт

  • Фудбал 22.06.2015 13:42

    Елиминација на Бразилките, Австралија, Франција и Канада во четврфинале

    Австралија, Франција и домаќинот Канада им се придружија на Германија и на Кина во четврфиналето на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција. Австралијките ги елиминираа Бразилките и ги спречија во напорите да стигнат до првата мундијалска круна.

  • Карате, безбол и софтбол фаворити за Игрите во 2020

    Меѓународниот олимписки комитет ја скуси листата на спортовите-кандидати за влез во програмата на Олимписките игри во Токио во 2020-та година. Од комбинација отпаднаа неколку спортови: бриџ,шах,сумо-борење,снукер и спортска ориентација.

  • Фудбал 22.06.2015 12:32

    Авторитетно ¼ финале на Копа

    Се искреше до последен момент во групната фаза од фудбалскиот  шампионатот на Јужна Америка!Под закана од елиминација беа Бразил и Уругвај, за на крај каменчињата да се распоредат според рејтингот,квалитетот и авторитетот.

  • Формула 1 21.06.2015 16:32

    Розбегр пред Хамилтон, Маса на подиумот

    11-та победа на Нико Розберг во кариерата, 3-та сезонава, по маестралниот викенд во Австрија. Да не беше грешката во финалните метри во квалификациите, ова ќе беше можеби најдобриот настап на Германецот сезонава.
  • Фудбал 20.06.2015 18:34

    Србија преку Бразил до титулата на Мундијалито

    Прекрасна завршница на 20-то Светско јуниорско првенство коешто донесе убав и ефикасен фудбал и промовираше идни ѕвезди. Србија немаше респект кон минатото и звучните имуња на Бразил и славеше во финалето со 2:1.

  • Формула 1 20.06.2015 16:34

    Хамилтон повторно доминира

    Луис Хамилтон ја освои 7-та од можни 8 пол позиции сезонава, ќе стартува прв на трката за ГН на Австрија, утре од 14 часот во живо на МТВ.

  • Фудбал 19.06.2015 15:38

    Перу подобар од Венецуела

    Перу ја совлада Венецуела со 1:0 и ја закомпликува ситуацијата во Групата Ц, па постои варијанта извлекувањето да реши кои репрезентаци ќе се пласираат во четвртфиналето на Копа Америка.

  • Фудбал 19.06.2015 10:45

    Заплет во „Ц“ групата

    На „Копа Америка“ никогаш не е досадно! Ноќеска, Перу ја совлада Венецуела со 1:0 со голот на ветеранот Клаудио Пизаро. Овој резултат создаде натпреварувачки хаос во „Ц“ групата. По два одиграни меча сите четири екипи од ова друштво:Перу,Бразил,Венецуела и Колумбија имаат ист број на бодови.

  • Фудбал 18.06.2015 13:26

    Колумбија конечно го совлада Бразил

    Колумбијците чекаа 24 години на победа против Бразил и барем малку се одмаздија за четвртфиналниот мундијалски пораз, славејќи на 44-от Копа Америка со 1:0.

  • Ракомет 17.06.2015 20:53

    Продолжува врската меѓу Обрван и Македонија

    Во тренерската професија успехот е основа за продолжување на соработката, па Ивица Обрван ќе остане на селекторската позиција на ракометната репрезентација на Македонија. Стариот договор меѓу Обрван и Ракометната федерација завршува месецов, а новиот ќе трае до јуни следната година.

Pages