Во македонската престолнина, беше одржан првиот регионален спортски самит, со наслов „Скопје 2025“, под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“.
Спорт
-
Останати спортови 11.09.2025 14:36
-
Фудбал 11.09.2025 12:44
Кристијано Роналдо прогласен за „Најдобар играч на сите времиња“
Фудбалската легенда Кристијано Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“ на церемонијата „Лига Португал награди сезона 2024/25“.
„Кој друг?“ – напиша Лигата на социјалните мрежи по повод признанието за 40-годишниот напаѓач на Ал-Наср.
-
Кошарка 11.09.2025 09:38
Дончиќ по поразот од Германија: Можев да направам повеќе
Најголемата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, го коментираше поразот од Германија (91:99) синоќа во четвртфиналето на Евробаскетот.
Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции.
-
Ракомет 11.09.2025 08:55
Еурофарм Пелистер со победа над Загреб стартуваше во Лигата на шампиони
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер со победа ја започна новата сезона во Лигата на шампиони, совладувајќи го Загреб со 25:23 во Битола.
Домашниот тим имаше одличен старт и поведе со 8:4, но хрватскиот шампион успеа да се врати и во второто полувреме накратко поведе со 14:15.
-
Останати спортови 10.09.2025 14:37
Ристовски: Спортот е двигател на здраво и просперитетно општество
Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, денеска во Скопје беше отворен Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“, што се одржува под покровителство на Министерството за спорт на Република Македонија.
-
Кошарка 10.09.2025 09:07
Грција противник на Турција во полуфиналето
Репрезентацијата на Грција успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако вчера во четвртфиналето ја совладаа Литванија со 87:76 (24:19; 20:19; 20:14 и 23:24).
-
Ракомет 10.09.2025 09:00
Гарабаја: Загреб е компетитивен тим, треба да ја наметнеме нашата игра
Новата сезона ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер ја почнаа со две победи. Во Супер купот беше совладан големиот конкурент Вардар, а во првото лигашко коло Бутел.
-
Фудбал 10.09.2025 08:52
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0
Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0.
Натпреварот беше решен во 34 минута кога по слободен удар изведен од Ндуро, левото крило Маријанучи прецизно го погоди голот на Василев.
-
Фудбал 09.09.2025 08:32
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
Македонската фудбалска репрезентација пред одигрувањето на последниот дуел од групата со Велс ќе одигра пријателски натпревар со Летонија. Натпреварот ќе се игра во Скопје, а терминот најверојатно ќе биде 13-ти ноември.
-
Фудбал 08.09.2025 08:59
Убедлива победа над Лихтенштајн
Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026.








