Арсенал го победи Манчестер јунајтед на гости во првото коло од Премиер лигата со 1:0.
Победничкиот гол го постигна дефанзивецот на „топџиите“, Рикардо Калафиори. Италијанецот постигна гол по корнер во 13. минута.
Арсенал го победи Манчестер јунајтед на гости во првото коло од Премиер лигата со 1:0.
Победничкиот гол го постигна дефанзивецот на „топџиите“, Рикардо Калафиори. Италијанецот постигна гол по корнер во 13. минута.
Македонската одбојкарска репрезентација вчера во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026.
Македонците по четврти пат во низа ќе играат на континенталното првенство.
Македонскиот репрезентативец Eљиф Елмас можно да се врати во редовите на својот поранешен клуб Наполи. Според „Фудбал Италија“ Наполи направил сериозни чекори за враќање на својот поранешен играч Елмас од Лајпциг. Ова од причина што клубот бара офанзивни играчи.
Одборот на директори на НБА ја одобри продажбата на Бостон Селтикс на група инвеститори предводени од бизнисменот Вилијам Чизхолм.
Одобрувањето од сопствениците на клубовите во НБА дојде пет месеци откако беше објавена продажбата на Селтикс. Трансакцијата е вредна 6,1 милијарда долари.
Првиот светски рекет, Јаник Синер синоќа го победи Французинот Адриан Манарино во четвртото коло од турнирот во Синсинати.
Мечот траеше 1 час и 51 минута и заврши со резултат 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7:4).
Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз.
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:1 во сетови од Швајцарија. Македонските одбојкари добро го почнаа дуелот и го добија првиот сет со 25:23, откако имаа подобра игра во завршницата во сетот.
Челниците на НБА лигата имаат идеја да го прошират ова натпреварување во Европа, се води голема битка со Евролигата околу ова, а седиштето на најсилната кошаркарска лига во светот. 6 регуларно‑сезонски НБА натпревари во Европа во следните три сезони.
Вардар со убедлив пораз од 5-0 на гостувањето во швајцарска Лозана, ги заврши овогодишните настапи во Лигата на Конференции на УЕФА.
Во финалето на Светското првенство во ватерполо, кое се играше во Сингапур, шпанските ватерполисти ја победија Унгарија.
Во финалето, попладнево шпанската репрезентација ја победи унгарската репрезентација со резултат од 15:13.