Барајќи од Арбитражната Комисија на МКФ да ги укине или да ги намали казните на тренерското дуо Докузовски/Србиновски, нашиот најтрофеен кошаркарски клуб преку соопштение прашува кому му смета силен Работнички и дали титулата за некого однапред е резервирана.
Спорт
-
Кошарка 24.11.2014 15:19
-
Кошарка 24.11.2014 14:09
Продолжува агонијата на ЛА Лејкерс, Гасол одново блескаше во дресот на Мемфис
Во 5 натпревари од НБА лигата одиграни во раните утрински часови гостите беа поуспешни и остварија три победи, додека две постигнаа домашните екипи. Кошаркарите на Мемфис и натаму цврсто газат и ја забележаа 12 победа во својот 14 настап.
-
Останати спортови 24.11.2014 10:33
Карлсен останува шаховски владетел
Норвежанецот Магнус Карлсен ја одбрани титулата светски шаховски првак. Тој со бели фигури победи во 11-та партија против Вишванатан Ананд и со 6.5:4.5 поени го доби мечот во Сочи.
-
Кошарка 23.11.2014 17:47
Штрковите високо летаа во Александровац
Кочечно гостинска победа во АБА лигата за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, кои славеа над Игокеа со 76 : 61 во 9 коло. Тоа беше 3 победа за македонскиот шампион, која ја изборија во голем стил со константно добра тимска игра во целиот меч.
-
Фудбал 23.11.2014 17:46
Заокружено 16-то коло
Во натпреварите на аспирантите за излез во Европа, Металург и Шкендија се изборија за вредни бодови. Металург во Скопје го порази Хоризонт со 2:0. Александар Стојановски беше стрелец на двата гола, давајќи му обележје на мечот. Шкендија продолжува да го менува првенственото лице.
-
Тенис 23.11.2014 17:19
Швајцарија триумфира над Франција во Девис купот
Само една недела откако се повлече пред големото финале на Мастерсот во Лондон, Рожер Федерер го освои последниот голем трофеј кој му недостасуваше.
-
Формула 1 23.11.2014 17:11
Хамилтон е новиот шампион
„Луис, ти си легенда“- беа зборовите на принцот Хари на тимското радио на Мерцедес на крајот од трката за големата награда на Абу Даби-последна во 65-тата сезона на формула 1 шампионатот.
-
Ракомет 23.11.2014 00:35
Мојсоски го урна проклетството
Наумче Мојсоски погоди на три секунди пред крајот за 29-28 против неговата поранешна екипа Ла Риоха, крунисувајки ја извонредната реализаторска партија со 11/11 урнувајки го проклетството во арената Борис Трајковски.
-
Ракомет 23.11.2014 00:34
„Болен“ пораз за ЖРК Вардар од Турингер
Нашиот женски ракометен првак Вардар загуби на гости кај Турингер со 21-20 во последното шесто коло од првата групна фаза во Лигата на шампионките.
-
Ракомет 23.11.2014 00:31
Вардар уште еднаш падна пред Веспрем
Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар вторпат за само седум дена загуби од Веспрем, денеска со 32-24 во шестото коло од Лигата на шампионите. Со тоа „црвено-црните“ го загубија чекорот со унгарскиот тим во намерата да ја продолжат борбата за првото место во групата „Ц“.










